Џо Бајден: Чест ми е што сум избран за претседател на САД

Џо Бајден и Камала Харис / Фото: Olivier DOULIERY / AFP / Profimedia

Америка, чест ми е што ме избравте да ја водам нашата голема земја, напиша предмалку на Твитер кандидатот за претседател на САД Џо Бајден.

Крај на агонијата во САД: Бајден е новиот претседател

„Работата што не чека ќе биде тешка, но ви го ветувам ова: Јас ќе бидам претседател на сите Американци – без разлика дали гласавте за мене или не. Ќе ја оправдам вербата која ми ја дадовте”, напиша Бајден, кој ќе биде 46. претседател на САД. 

Според проекциите на Си Ен Ен, Асошиејтед прес, Њујорк Тајмс и повеќе медиуми, кои се засновани на исклучително прецизни статистички пресметки, прогласија дека Бајден победил во државата Пенсилванија, со што доби уште 20 електорски гласа и надминувајќи го минимумот од 170.

Засега тој има 273 од потребните 270 електорски гласови за прогласување победа, од можни 538.

Животната приказна на Џо Бајден: Мојата сопруга Џил е мојот најсилен адут

Бајден или Трамп: Што ќе значи промена во Белата куќа за американската политика за Балканот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот