Доналд Трамп и Џо Бајден/ Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Крај на агонијата во САД: Бајден е новиот претседател

Демократскиот кандидат Џо Бајден стана 46-тиот претседател на САД, објави агенцијата АП.

– Асошиејтед Прес го прогласи Џо Бајден за победник во исцрпувачката кампања за американски претседател. Тој ќе ја предводи поларизираната нација низ историски судир на здравствени, економски и социјални кризи, објави АП на Твитер.

Бајден или Трамп: Што ќе значи промена во Белата куќа за американската политика за Балканот

Според агенцијата Бајден победил во Пенсилванија каде до предмалку течеше пребројувањето на гласовите, со што е отворен неговиот пат кон Белата куќа.

Само еден час пред оваа објава на АП, актуелниот претседател Доналд Трамп објави дека тој победил на изборите за претседател во САД што предизвикаа илјадници негативни и шегаџиски коментари на негова сметка.

Животната приказна на Џо Бајден: Мојата сопруга Џил е мојот најсилен адут

Трамп или Бајден, што значи изборот на Американците за Блискиот Исток

Бајден или Трамп: Што ќе значи промена во Белата куќа за американската политика за Балканот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот