Џими Фелон и Стинг снимија видео во карантин: Погледнете го урнебесното видео за „Don’t stand so close to me“!

На својот Инстаграм профил, американскиот телевизиски водител, Џими Фелон, во саботата навечер објави видео во кое ја изведува песната „Don’t stand so close to me“, заедно со легендарниот Стинг и групата „The roots“.
Секој од членовите својот дел го изведува од дома, во карантин, користејќи најразлични предмети од својата кујна.
Како што спомена и самиот, омилени предмети на Џими му се ножиците, а додаде дека перниците и патиките се исто така „одлични“.
Водителот истакна и дека ова видео треба да го споделите со некој кој ви е близок (close to you).
Погледнете како тоа изгледа:
Видео на денот