Џесика Алба проговори за здравствените проблеми: „До 11 години јас веќе бев на 5 операции“

Фото: EPA/JEON HEON-KYUN

Актерката Џесика Алба плени со својот изглед каде и да се појави, а малкумина знаат каква приказна крие оваа дама. Имено, таа призна дека во детството имала многу проблеми со здравјето, и дека поради хроничните болести таа до 11 години направила дури 5 операции.

Џесика како дете имала проблем со недостатокот на воздух поради што белите дробови колабираат, а откако двапати се изборила со оваа состојба, добила и воспаление на белите дробови од кое за една година четири пати лежела во болница. Но тоа не е се, таа имала и цисти на крајниците и опсесивно-компулсивна невроза, а поради лошото здравје често отсуствувала и од училиштто па немала прилика да стекне ниту пријатели.

„Мојата мајка имала рак на многу млади години, во раните дваесетти. Пораснав со хронични болести. Имав пет операции пред својата 11-та година и хронични алергии, а како дете многу пати на подолг период бев хоспитализирана“, изјави Џесика.

Фото: Профимедиа

Поради проблемите кои ги имала во детството, актерката повеќе внимание им посветила на своите деца, а во 2008 година кога Алба стана мајка, здравјето на нејзината ќерка Хонор и била главна грижа, па токму поради тоа таа актерството го остави на страна.

„Сакам да живеам и напредувам и да поминувам што повеќе време со оваа мала личност која ќе ја донесам на свет. Значи, моето здравје е важно. Сакам оваа мала личност да биде здрава, но навистина е тешко да се биде среќен кога немаш здравје“, изјави тогаш Џесика Алба.

Алба во меѓувреме роди 3 деца, па истакна дека уште од најрана возраст ги учи дека мораат да го ценат и сакаат своето тело и да внимаваат на своето здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот