Џенифер Хадсон одлична како Арета Френклин во трејлерот за филмот „Respect“ (ВИДЕО)

принтскрин/јутјуб

Премиерата е закажана за јануари 2021 година…

Објавен е првиот трејлер за претстојниот филм за Арета Френклин, под називот „Respect“ во кој легендарната музичка дива ја игра Џенифер Хадсон.

Остварувањето ќе го прикаже подемот на кариерата на Арета, од детството и пеењето во црковниот хор на својот татко, па се до светската слава.

– Мора да го вознемирите мирот кога не можете да го пронајдете, вели Хадсон во трејлерот.

Премиерата за „Respect“ веќе извесно време со голема желба се очекува, а трејлерот ветува дека гледачите ќе бидат задоволни. Покрај Хадсон, во филмот играат и Форест Витакер, Марлон Вајанс, Мери Џеј Блајџ и Тејт Донован.

Кралицата на соулот, Арета Френклин, почина од рак на панкреас на 16-ти август 2018 година, на 76 години. Таа до самата смрт беше вклучена во овој прокет, а дури ја донесе и одлуката кој ќе ја глуми.

„Respect“ премиерно ќе биде прикажан во јануари 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот