Девојка ја тужи Стела Макартни за 100.000 фунти откако паднала во продавница на луксузниот бренд

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Модна работничка откако ја скршила ногата паѓајќи низ подот во италијанската продавница на модната дизајнерка Стела Макартни, го тужи брендот на ѕвездата за 100.000 фунти, пишува „Дејли мејл“.

Клои Микелборо (31) која работела на рекламно снимање, курирајќи ја нејзината содржина на социјалните мрежи, се повредила во продавницата во Милано, во јуни 2018 година. Таа требала да сними интервју со директорите на брендот, Ендрју Дершо и Ајда Симонсен, како дел од тогашната рекламна кампања. Девојката се удрила во „пешачката патека“ во продавницата и паднала на долниот кат.

Клои ја скршила петицата, оставајќи ја со постојани болки и отоци во стапалото, а како што таа вели, тоа ја спречува да носи модерни чевли на потпетици.

Таа сега тужи за отштета од 100.000 фунти, бидејќи е „заглавена“ постојано да носи ортопедски патики, спречена е да танцува или да трча и е ограничена во потрагата по работа во канцеларија.

Компанијата на Макартни го оспорува тврдењето, обвинувајќи ја Клои дека самата е виновна за несреќата, велејќи дека просторот во кој таа се качила воопшто не бил дел од „пешачката патека“ на продавницата. Се вели дека таа се прекачила на заштитната ограда и влегла во небезбедна и недозволена област.

Судењето за овој случај треба да биде спроведено во окружниот суд во Централен Лондон.

Стела Макартни, која е ќерка на пејачот Поп Макартни и неговата покојна сопруга Линда го води својот бизнис како моден дизајнер и поседува продавници во Менхетен, Мејфер, Париз, Рим и Милано меѓу другите. Таа била заинтересирана за модата уште од млада возраст, дизајнирајќи ја својата прва јакна на 13 години, а првата работа во индустријата ја добила на 16 години.

Брендот е популарен кај познатите личности, меѓу кои и Меланија Трамп, Бијонсе и Амал Клуни, сопругата на актерот Џорџ Клуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот