Девет години затвор доби поранешен министер за образование обвинет за педофилија

Ненад Сузиќ (71), поранешен министер за образование на Република Српска и редовен професор на Универзитетот во Бања Лука, беше осуден од Окружниот суд во Бања Лука на девет години затвор за сексуално злоставување на 14-годишно девојче.

Сузиќ беше прогласен за виновен за сексуален однос со дете на возраст под 15 години.

– Обвинетиот беше осуден на девет години затвор, што го вклучува и времето поминато во притвор од 5 јуни до 5 декември 2019 година. На обвинетиот му е одредена мерка на безбедност за целосна забрана за вршење на функцијата професор, при чие вршење се остварува директен контакт со деца – објави Окружниот суд во Бања Лука.

Исто така, на Сузиќ му беше забрането да пристапува и да комуницира со жртвата и одредени лица. И тоа е забрана за приближување до 50 метри и забрана за комуникација за две години. Тоа нема да го вклучува времето поминато на издржување на казната.

Сузиќ беше уапсен на 5 јуни 2019 година, откако родителите на жртвата контактирале со полицијата.

Пресудата не е конечна и дозволено е право на жалба до Врховниот суд на Република Српска, пишува Новости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот