Руски авиони Tu-95 EPA/SERGEI ILNITSKY

Девет американски борбени авиони се кренале во воздух – пет руски бомбардери и ловци се движеле кон Алјаска

Девет американски борбени авиони беа кренати во воздух откако пет руски воени авиони беа забележани како се движат кон Алјаска во четвртокот, пренесе „Дејли мејл“.

Командата за воздушно-космичка одбрана на Северна Америка (НОРАД) соопшти во четвртокот дека открила и следела повеќе руски воени летала кои оперирале во Алјасканската идентификациска зона за воздушна одбрана (АДИЗ), во меѓународниот воздушен простор крај Алјаска.

Според соопштението на американско-канадската одбранбена команда, НОРАД детектирала два руски бомбардера Ту-95, два ловца Су-35 и еден авион за рано предупредување А-50 во АДИЗ-зоната на Алјаска.

Како одговор, НОРАД кренала два авиона Ф-16, два Ф-35, еден Е-3 (авион за рано предупредување) и четири танкери КЦ-135 со цел да ги пресретнат, идентификуваат и да ги придружуваат руските авиони.

Руските воени летала останале во меѓународниот воздушен простор и не навлегле во суверениот воздушен простор на САД или на Канада, соопшти НОРАД, додавајќи дека биле придружувани сè додека не ја напуштиле АДИЗ-зоната

ВИДЕО | Руски бомбардери летаа пет часа над Балтикот

„Ова е редовна појава“

Од НОРАД истакнаа дека руските авиони редовно се појавуваат во АДИЗ-зоната и дека оваа активност „не се смета за закана“.

Во септември минатата година, САД исто така кренаа борбени авиони за да пресретнат руски Ту-95 и Су-35 забележани во Алјаска.

Тоа се случи само неколку недели откако руски извидувачки авион Ил-20 „Кут“ беше пресретнат од НОРАД дури четирипати во текот на една недела.

Оваа зона на Алјаска е дел од меѓународниот воздушен простор што започнува таму каде што завршува суверениот воздушен простор на САД и Канада. НОРАД ја опишува како „дефиниран појас од меѓународен воздушен простор во кој, во интерес на националната безбедност, е потребна подготвена идентификација на сите летала“.

Авионите се појавија откако Русија вежбаше со Иран

Појавувањето на петте руски авиони во АДИЗ-зоната доаѓа откако Русија во четвртокот беше забележана како спроведува заеднички воени вежби со Иран.

Најавата за заедничките поморски вежби во Оманскиот Залив се совпадна со пристигнувањето на носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ во близина на влезот во Средоземното Море и со засиленото американско воено присуство во регионот, откако Иранската револуционерна гарда одржа маневри во Ормускиот Теснец и привремено го попречи поморскиот сообраќај, предупредувајќи на можни економски последици во случај на американски напад.

Ова се случуваше додека паралелно се водеа индиректни нуклеарни разговори во Женева меѓу Техеран и Вашингтон, а потпретседателот Џеј Ди Венс оцени дека иранските власти не ги почитуваат „црвените линии“ на Трамп, истакнувајќи дека засиленото распоредување американски бродови и авиони не значи неизбежен напад, но му дава на претседателот можност да го изведе доколку реши.

Трамп-Путин: Економските зделки по Алјаска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот