Дете пропаднало во шахта во Русија која работниците заборавиле да ја затворат (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Едно дете пропаднало во шахта во Русија бидејќи работниците, кои работеле на нејзино одржување, не ја затвориле навреме, а додека накратко се оддалечиле од неа, детето веднаш пропаднало, пренесува Russia Today.

Безбедносните камери забележале како работниците се оддалечиле од необезбедената шахта, а токму во тој момент од таму поминале мајка и дете.

Детето, кое штотуку проодило, не знаело дека пред него се наоѓа дупка, и само исчезнало. Мајката почнала да вика, а работниците веднаш дошле и го извадиле од дупката.

За среќа, детенцето не претрпело сериозни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот