Детали за масакрот во Лесковац: Осомничениот е син на жртвата, бил лекуван психијатарски пациент

Во центарот на Лесковац денеска околу 14:45 часот се случило четирикратно убиство во кое настрадале еден маж и три жени, односно татко, две ќерки, стари 18 и 12 години и неговата бремена сопруга, пренесуваат српските медиуми.

Околу 16 часот во Лесковац заради таа трагедија бил приведен Милош И. (22), кој од засега непозната причина, најверојатно со секира, го убил својот татко Предраг, својата сестра, а ќерка на Предраг Ана, потоа вонбрачната сопруга на Предраг, Ана Р. која е бремена и нејзината малолетна ќерка Сара, пишува Објектив.рс.

Како што наведуваат српските медиуми, осомничениот е лекуван психијатарски пациент.

Трагедијата се случила на улицата Ратко Павловиќ. Фамилијата наводно ја изнајмила куќата на оваа улица неколку дена пред Велигден, а тие биле од околината на Бојник.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот