Детали за инцидентот во тетовската болница: Се истражува возило, паркирано на местото пред сечењето на цевките

Тетовска болница. / Фото: МИА

Пред тетовската болница имало паркиран автомобил во 3 часот изутрината и тоа е главната трага на полицијата и обвинителството кои се трудат да откријат кој сакал да ги пресече цевките за довод на кислород дознава Слободен печат од свои извори во болницата. Неофицијално возилото е регистрирано на повеќе камери.

Директорот на тетовската болница Флорим Бесими вели дека органите работат на расветлување на настанот и дека е фрапиран дека такво нешто се случува во институцијата.

„Фокусирани сме на пациентите и се надевам дека ваков настан во иднина нема да има“ кратко рече Бесими и се заблагодари на медиумите за поддршката.

Ноќеска во 3 часот непознат сторител ја оштетил цевката за довод на кислород во тетовската болница но за среќа таа цевка не била наменета за ковид пациентите туку за оние во ургентниот центар.

Раководителот на ковид центарот доктор Гзим Нуредини вели дека избегната е катастрофа зашто 125 кислородно зависни пациенти не би имало шанса да добијат кислород во 15 минути особено не во 3 часот по полноќ.

Избегната катастрофа во тетовската болница: Во 3 часот изутринава некој ја оштетил цевката за довод на кислород

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот