Избегната катастрофа во тетовската болница: Во 3 часот изутринава некој ја оштетил цевката за довод на кислород

Тетовска болница. / Фото: МИА

Утринава меѓу 3 и 4 часот, во тетовската болница, непознат сторител ја оштетил цевката за централен довод на кислород, која за среќа не водела во ковид одделението каде на 120 пациенти им е потребен кислородот, туку водела во Ургентниот центар, каде има пациенти со инфаркти на кои кислород само повремено им треба.

Раководителот на ковид одделението доктор Гзим Нуредини вели дека е избегната катастрофа која што несомнено би се случила доколку 120 пациненти одеднаш останале без кислород, што им е неопходен за да преживеат.

-Се потрудиле да оштетат цевка за снабдување со кислород на новите апарати за кислород. Нападот беше во утринските часови ноќеска, во 3 или 4. Не знаеме кој бил напаѓачот, но сабајле видовме дека некое непознато лице удрило во цевките и ги оштетило, но за среќа не се работи за цевки што водат кај 120 хоспитализирани, туку во ургентниот центар каде имаме пацинети со инфаркти, но за среќа немало потреба таму од кислород. Да била оштетена другата цевка која го носи кислородот до ковид пациенти, ќе било катастрофа. Кај ќе ги транспортираме за 10 минути да најдеш кислород, замислете што би било со тие 120 пациенти. Да беше во ковид одделението, тоа ќе беше хаварија, изјави доктор Нуредини за Слободен печат.

Полицијата и обвинителството ги прегледуваат камерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот