Детали од прославата на последниот роденден на принцезата Дијана: Американски милијардер ѝ се додворувал, бизнисмен сакал да се фрли од мостот

принцеза дијана
Фото: профимедиа

Леди Ди била во славеничко расположение во текот на летото 1997 година, и не само поради својот роденден. Уживала во новостекнатата слобода и животот надвор од британското кралско семејство, а поминала само една година откако и официјално се развела од принцот Чарлс.

Принцезата Дијана би го прославила својот 60-ти роденден на 1 јули, а секако беше и остана пример поради своето однесување и ставот. Иконата на стилот, која ја обожаваше целиот свет, трагично загина на 31 август 1997 година.

Леди Ди своите родендени ги славела сама бидејќи така сакала, но цвеќиња и честитки добивала од сите страни на светот. Секогаш претпочитала да ги слави родендените на другите луѓе отколку своите, а им возвраќала на сите честитки што ги добивала. Самата себеси ја пеела „Нека ми е среќен роденденот“ преку телефон на своите блиски пријатели.

принцеза дијана роденден
Фото: Profimedia

На нејзиниот последен 36-ти роденден, само до пладне добила повеќе од 300 честитки и 70 букети. Откако цел ден примала цвеќиња, принцезата добила фустан од дизајнерот Жак Азагури, прочуената црна тоалета украсена со мониста.

Додворувачи од целиот свет

Во тоа време, имала и многу додворувачи, а еден од нив бил американскиот милијардер и тајкун Теди Фростман. Тој ја запросил, а со години ѝ испраќал букети еднаш неделно. Се зборувало дека сакал да ја ожени за да може да се кандидира за американски претседател, но принцезата го одбила. Кога дознал дека Дијана е во врска со Доди ал Фајед, Фростман ѝ се јавил и на шега ѝ рекол дека ќе се фрли од мостот во Бруклин.

доналд трамп
Фото: Profimedia

Еден од букетите за нејзиниот 36-ти роденден пристигнал и од Дејвид Танг, претприемач од Хонг Конг, кој со години бил пријател со неа и со принцот Чарлс. Принцезата Дијана добила цвеќе и од Доналд Трамп и од многубројни светски познати луѓе што во тоа време ѝ се додворувале.

Таа вечер принцезата била почесна гостинка на хуманитарен настан и, воедно, на прославата на 100-годишнината од галеријата „Тејт“ во Лондон, каде што ги маѓепсала сите со блескавиот фустан на Азагури и со дијамантски чокер, а нејзините обожаватели го преполниле влезот за да ѝ врачат уште цвеќиња по повод роденденот.

На прославата присуствувале неколку членови на кралското семејство и познати личности како Иман и Стив Мартин, како и братот на Дијана, Ерл Спенсер.

принцеза дијана роденден
Фото: Profimedia

Тој се присетил на таа средба, за која не ни помислувал дека е нивна последна, за време на говорот на нејзиниот погреб, само два месеца подоцна.

„Последен пат ја видов Дијана на 1 јули, на нејзиниот роденден во Лондон, кога, како и обично, не го прослави својот посебен ден со пријателите, туку беше почесна гостинка на добротворниот настан. Таа блескаше, секако“, рекол скршениот Чарлс Спенсер.

Прочитајте повеќе:

Принцот Хари за децата на брат му: Барем едно од нив ќе биде резерва како мене

„Тепачка“ за мемоарите на Хари: Францускиот издавач на книгата мораше да отпечати уште 130.000 примероци

Принцот Хари вели дека во книгата ги поштедил неговите татко и брат бидејќи „никогаш не би му простиле“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот