Талибанците во Кабул/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Десетици илјади Авганистанци на милост и немилост на Талибанците, по протекување на лични податоци од Велика Британија

Десетици илјади Авганистанци се на милост и немилост на Талибанците по фијаското со протекувањето на лични податоци од страна на британската влада.

Масивното протекување на информации од страна на британското Министерство за одбрана ги стави животите на околу 20.000 авганистански државјани и нивните семејства „во опасност од сериозно насилство“.

Илјадници Авганистанци се преместени во Велика Британија откако протекоа лични податоци на оние што ги поддржуваа британските сили.

Според британскиот „Гардијан“, тајната шема од 850 милиони фунти е воспоставена откако личните податоци на 19.000 луѓе што аплицирале во Програмата за преместување и помош во Авганистан (ARAP) биле „случајно“ протечени од службено лице на Министерството за одбрана во февруари 2022 година.

Пробивот на безбедноста ги поттикна службениците да ја воспостават програмата „Рута на одговор во Авганистан“ во април 2024 година, а тоа значи британската влада – односно даночните обврзници – да исплати големи суми пари како компензација и поддршка на погодените.

Програмата веќе чинеше околу 400 милиони фунти, а се очекува вкупната цена да достигне 850 милиони фунти кога ќе биде завршена. Се очекува уште милиони да бидат потрошени за судски трошоци и надоместоци.

Министерството за одбрана на Велика Британија беше информирано за пробивот повеќе од 12 месеци откако беше објавен, кога извадоци од базата податоци беа анонимно објавени на Фејсбук група во август 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот