Десантис следната недела официјално ќе влезе во трката за претседател на САД

Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон Десантис, следната недела официјално ќе влезе во трката за претседателските избори во САД во 2024 година, изјавија извори блиски до гувернерот.

Десантис најверојатно ќе ги поднесе своите документи за номинација на 25 мај за да се совпадне со хуманитарен настан во Мајами, а поформалниот, вистински почеток на неговата кампања ќе биде на 29 мај, рече еден од изворите.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има водство во прелиминарната трка за одредување на кандидатот на Републиканската партија за претседателските избори следната година, покажа неодамнешната анкета на Ројтерс/Ипсос.

Со оглед на профилот на Десантис меѓу републиканците како ѕвезда во подем, како и неговата моќ за собирање средства, тој веројатно ќе претставува најголема закана за Трамп, кој ги засили политичките напади врз гувернерот на Флорида во последните неколку недели, јавија американски медиуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот