Дербито во Автокоманда за Охрид, гостите првпат го победија Алкалоид сезонава
Ракометарите на Охрид конечно го пронајдоа рецептот за Алкалоид оваа сезона, славејќи во дербито во Автокоманда со 27-26. Со оваа победа, охриѓани направија значаен исчекор на табелата во Суперлигата, искачувајќи се на второто место пред Пелистер.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Домаќинот подобро го отвори натпреварот и во воведните минути имаше контрола на резултатот, создавајќи предност од три гола (7-4), која ја одржуваше до 9-7. Потоа следуваше пресврт, гостите ја презедоа иницијативата и со серија од 4-0 повторно дојдоа до водство (11-10).
Финишот на првото полувреме му припадна на тимот предводен од Борис Ројевиќ, кој во тие моменти одигра најдобро и создаде убедлива предност од пет гола, заминувајќи на пауза со 17-12.
Охрид ја одржуваше високата разлика и во второто полувреме, но Алкалоид не се предаваше. Во последните десет минути, избраниците на Кирил Лазаров успеаја да се доближат на само два гола негатива, а имаа и напад за минус еден. Сепак, голманот Пилиповиќ блесна со клучна интервенција, задржувајќи ја предноста на гостите (21-23 во 52. минута).
Иако Алкалоид во самиот финиш повторно се приближи, времето не беше доволно за комплетен пресврт, па бодовите заминаа на контото на Охрид.
Ждрепката го посака Охрид, реваншот во борбата за првиот европски трофеј ќе го игра дома


