ДЕПОНИИ: Градоначалниците се вадат на граѓаните, Заев удри по општинарите

Граѓаните преку социјалните мрежи се обединија во лоцирање на дивите депонии, а дел од прикажаните локации ги сними и екипата на „Слободен печат“, во обид да ги мотивираме надлежните да се фатат за работа и да почнат да ги расчистуваат најкритичните точки во градот.

Сепак, и покрај тоа, сликата со денови останува непроменета, а депониите останаа недопрени од комуналните работници. Зошто овој проблем не го добива потребното внимание и ангажман, го прашавме градоначалникот на општина Гази Баба и претседател на Скопски плански регион, Борис Георгиевски. Тој денеска на отворањето на инклузивното игралиште во Влае, повика на поголема еколошка свест кај населението.

– Општините не можат да го решат проблемот со создавањето диви депонии, ако во решавањето на овој проблем не се вклучат и граѓаните. Секторот за инспекциски надзор на Град Скопје во соработка со општинските комунални инспектори започна акција за лоцирање на дивите депонии, и санкционирање на прекршителите. Дополнително, во иднина, според новиот закон за градба, секој инвеститор мора да гарантира дека градежниот шут соодветно ќе го депонира, во депонијата Дрисла – рече Георгиевски.

Прочитајте и...  Принцот Чарлс: Имав среќа, лесно поминав со коронавирусот

Од друга страна пак, премиерот Зоран Заев, одговорноста за создавањето на дивите депонии ја бара директно во општините и инспекциските служби.

– Создавањето диви депонии е неодговорност на институциите кои мора тоа да го контролираат, градоначалниците се најмногу надлежни, но тука се и инспекциите, пред се комуналните инспекции. Но, ние граѓаните на крајот на денот треба да го депонираме ѓубрето во кантите за смет, за тие што го креваат ѓубрето да може да го однесат на определените депонии за смет – рече Заев одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на „Граматиката на современиот ромки јазик”.

Заев: Дивите депонии се неодговорност на институциите, градоначалниците и инспекциите

Прочитај повеќе

„АПЕКС Македонија“ донираше болнички кревети во износ од 20.000 евра на Инфективната клиника

Слободен печат

Тачи: Неодговорноста на Османи и ИВЗ се главни виновници за оваа ситуацијата

Слободен печат

Два смртни случаи – 120 новозаболени од Ковид-19, најмногу во Скопје

Слободен печат

Повторно граѓаните ги окупираа продавниците и супермакетите (ГАЛЕРИЈА)

Горан Наумовски

Грција не воведува забрана за влез од Македонија: Покрај вирусот расте и заразата со лажни вести

Слободен печат

Регистриран случај на Ковид-19 кај наставничка во Тетово, уписот во училиште прекинат

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Приведени двајца сопственици на угостителски објекти во тетовско за непридржување на протоколите за работа

Слободен печат

Анкета: Се намалува довербата на Швеѓаните во способноста на Владата за справување со коронавирусот

Слободен печат

Уапсен маж кој се заканил со убиство на полскиот кандидат за претседател Рафал Трасковски

Слободен печат

ЕВН е должна да изврши коригирање на сметките порача Бислимовски

Слободен печат

Рашела Мизрахи пријавила во полиција дека ја следеле и фотографирале лица со качулки

Обвинителството го предупреди Пленковиќ за вршење притисок

Слободен печат