Денковски: Пред нашите навивачи сакаме победа против Ерменија

Голманот Давид Денковски ги игра последните натпревари за У21 репрезентацијата на Македонија/Фото: ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 21 година е во Скопје, каде што интензивно се подготвува за предизвикот што ја очекува во рамките на квалификацискиот циклус за пласман ЕП 2023 во Романија и Грузија.

Во првиот дуел од јунските квалификации, во Скопје гостува незгодната селекција на Ерменија. Натпреварот од деветтото коло во групата „Х“ од квалификациите, Македонија и Ерменија ќе го одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски”, на 2 јуни, со почеток од 17. часот.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски, вчера на тренинг центарот „Петар Милошевски” во одлична атмосфера го одработија предвидениот тренинг во склоп на подготовките за дуелот со Ерменија.

Голманот на штипска Брегалница и еден од нашите најдобри поединци на овој квалификациски циклус, Давид Денковски ги сподели своите очекувања за претстојните мечеви против Ерменија и Украина од групата Х од квалификациите.

– Тренираме и работиме вредно, атмосферата во тимот е добра. Нè очекуваат последните два натпревари од овој квалификациски циклус кои ќе ги играме со посебни емоции. Сакаме да ја завршиме нашата приказна како што треба, со победи и да оставиме добар впечаток за крај. За мене и за повеќето играчи кои се родени 2001 година ова ќе биде последен циклус во селекцијата до 21. Се надевам дека следните генерации ќе успеа да оставара поголем успех од нас. Првиот меч против Ерменија го играме дома, фокусирани сме целосно на тој натпревар, сакаме да оствариме победа, бидејќи играме пред нашите навивачи и семејства. Последниот меч од квалификациите играме против Украина, се работи за добар и квалитетен национален тим со одлични индивидуалци, но ние сакаме да оствариме добар резултат и на тој меч – вели Денковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот