Дениз Ричардс и ќерката Семи Шин ќе соработуваат на „Онлифенс“: Обожавателите се згрозени!

Дениз Ричардс, Чарли Шин и нивната ќерка Семи Шин / Фото: EPA-EFE/Принтскрин/Инстаграм

Ќерката на актерката Дениз Ричардс и Чарли Шин, Семи Шин неодамна на својот профил на „OnlyFans“ ја сподели веста за новата семејна соработка.

„Како што знаете, наскоро ќе снимам со мајка ми. Ако ме контактирате, ќе се погрижам да ви испратам посебно и слатко видео од нас двете“, напиша 18-годишната Сем на страницата за возрасни.

Фото: Профимедиа

Обожавателите, судејќи по коментарите, се згрозени од тоа.

„Кој по ѓаволите го прави тоа со своето дете? Ова е крајно непримерно“, беше еден од коментарите на социјалните мрежи. „Како мајка на две ќерки, ова ми е многу вознемирувачко. Ги сакам моите девојки но ова е толку одвратно“, беше друг коментар.

Се чини дека на славната мајка и нејзината сакана ќерка не им е грижа за коментарите. На последната фотографија која Сем ја објави во бикини, Дениз ѝ коментираше: – Те сакам и секогаш ќе те поддржувам во сè што правиш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sami sheen (@samisheen)

Иако мајката и ќерката си даваат поддршка, поранешниот сопруг на Денис и татко на Сем, Чарли Шин, жестоко се противи што неговата ќерка ја користи озлогласената платформа позната по разголените фотографии.

„Таа сега има 18 години и живее со нејзината мајка. Тоа немаше да се случи под мојот покрив“, неодамна изјави Шин за „Page Six“. „Не го одобрувам ова, но бидејќи не можам да го спречам истото, ја замолив да остане елегантна, креативна и да не го жртвува својот интегритет“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот