Денеска започнува АБА лигата, МЗТ в сабота му гостува на шампионот Црвена звезда

МЗТ Скопје Аеродром запиша нови бодови во домашното првенство/фото: kfsm.mk

Денеска ќе стартува новата сезона во регионалната кошаркарска АБА лига, а титулата ја брани Црвена звезда која минатата сезона во српското финале по голема борба беше подобра од Партизан во серијата со 3:2 во победи. Партизан и Црвена звезда и оваа сезона се главни фаворити за освојување на титулата.

Првото коло денеска од 18.00 часот ќе го отворат кошаркарите на Задар од Хрватска, кои на домашен терен ќе играат со екипата на Студентски центар Дерби од Црна Гора. Во сабота ќе се одиграат два натпревари, босанската Игокеа ќе го пречека црногорскиот Морнар Бар од 16:00 часот, додека актуелниот шампион во АБА лигата, Црвена звезда од 20.00 часот во Белград го пречекува македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром.

Тренерот на „сино-белите“, Александар Петровиќ на прес-конференција изјави дека целта на МЗТ ќе биде да се обезбеди опстанок во елитата.

Српскиот Партизан во недела од 17.00 часот гостува кај хрватската Цибона. „Црно-белите“ предводени од тренерот Жељко Обрадовиќ, како и Црвена звезда, сезонава ќе настапуваат и во Евролигата.

Црногорскиот Будуќност од Подгорица од 19.00 часот го пречекува хрватскиот Сплит, а Цедевита Олимпија од Словенија од 21.00 часот е домаќин на српскиот Борац Чачак. Последниот меч од првото коло ќе се игра во понеделник од 18.00 часот, а тимот на ФМП во српскиот дуел ќе игра против Мега Баскет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот