Денеска на ЕП, во фокусот големото дерби Хрватска – Франција

Дуелот меѓу Хрваѕтска и Франција е дерби на првиот ден од ЕП/ фото/ EPA/JAVIER CEBOLLADA

Денеска започнува 15. по ред Европското првенство кое ќе се игра во Унгарија и Словачка, а на кое учесник е и ракометната репрезентација на Македонија. Ова ќе  биде седми настап на „црвено-жолтите“ на континенталните собири, а вечерва од 18 часот во рамки на првото коло играат против добро познат противник, Словенија.

Дерби на првиот ден ќе биде дуелот помеѓу големите ривали Хрватска и Франција. И двете репрезентации имаа големи проблеми во текот на подготовките, но „коцкестите“ во последен момент добија добри вести, Домагој Дувњак и Лука Дувњак и на Циндриќ добија по два негативни теста и се упатија кон Сегедин и се очекува да бидат во тимот на Хрватска за дуелот со големиот противник.

Актуелниот шампион Шпанија одбраната на трофејот ќе ја започне против Чешка, а од останатите конкуренти за медал Данска е голем фаворит против десеткуваната Црна Гора, Шведска против БиХ, како и Норвешка против Словачка, и Унгарија против Холандија.

Група А
Македонија – Словенија (18 ч.)
Данска – Црна Гора (20.30)

Група Б
Унгарија – Холандија (20.30)

Група Ц
Србија – Украина (18)
Хрватска – Франција (20.30)

Група Е
Шпанија – Чешка (18)
Шведска – БиХ (20.30)

Група Ф
Русија – Литванија (18)
Норвешка – Словачка (20.30)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот