Денес се обележуваат светици кои во младоста биле проститутки: Покајание има за сите, ако направите една работа!

Фото: Денови.мк

Денес, православната црква и верниците го слават споменот на две светителки кои живееле развратни живот како проститутки, но се покајале и со тоа го заслужиле царството небесно. Преподобната Пелагија и преподобната Таиса служат како пример дека простувањето на гревот е можно за секого.

Преподобна Пелагија била христијанска маченичка и светица од 5 век со исклучителна убавина. Житието вели дека таа можела да го помати разумот и да го заведе секој маж. Таа била танчерка и проститутка и на тој начин многу се збогатила.

Кога ја слушнала проповедта на владиката Нона за Страшниот суд и казнувањето на грешниците, сè се променило! Пелагија одлучила да се крсти и да го промени својот живот.

пелагија религија икона
Фото: Денови.мк

– Помилуј ме, грешна, свет оче, крсти ме и научи ме на покајание: јас сум море од беззаконие, бездна на пропаст, мрежа и алатка на ѓаволот – се молела таа според житието во манастир и свештениците ја крстиле и ѝ помогнале да ги искупи гревовите.

Оваа молитва и денес ја кажуваат  жени кои бараат помош и простување на гревовите.

Потоа Пелагија го дала своето огромно богатство на сиромашните и тајно отишла во Ерусалим, каде под машко име, како монах се затворила во…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот