Демонстрантите го запалија ресторанот во Атланта каде полицијата уби Афроамериканец (ВИДЕО)

Главниот јавен обвинител на Фултон, Пол Хауард Џуниор, рече дека неговата канцеларија „веќе започнала интензивна, независна истрага за инцидентот“, додека ги чекаат наодите од Државното биро за истраги (ФБИ).

Немирите избувнаа во Атланта, САД, откако градоначалничката Кејша Ленс Ботомс, рече дека ја прифатила оставка на началничката на полицијата Ерика Шилдс, за смртта на 27-годишниот Рејшард Брукс.

Сликите на локалната телевизија го покажаа ресторанот во оган повеќе од 45 минути пред да пристигнат пожарникарите.

Другите демонстранти излегоа на автопатот и го запреа сообраќајот пред полицијата да постави автомобили за да ги запре. И двајцата полицајци , кои го застрелаа Афроамериканецот, биле белци.

Брукс бил татко на ќерка која го прославила својот роденден во саботата, рекоа неговите адвокати. Неговата смрт од полициски куршум дојде по повеќе од две недели демонстрации во поголемите градови во САД поради смртта на 46-годишниот Џорџ Флојд, кој почина на 25 мај под коленото на полициски службеник во Минеаполис.

Стотици граѓани на Атланта повикаа полициските службеници да бидат обвинети за случајот.

Полицијата дошла откако им било кажано дека Брукс заспал во автомобил паркиран во патека што води кон ресторанот. Полицијата неуспешно се обидувала да го тестира за алкохол, а потоа да го уапси.

Главниот јавен обвинител на Фултон, Пол Хауард Џуниор, рече дека неговата канцеларија „веќе започнала интензивна, независна истрага за инцидентот“, додека ги чекаат наодите од Државното биро за истраги (ФБИ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот