Делуваше дека живеат во бајка: Испливаа деталите за виртуелниот развод на славната актерка и 17 години постариот богаташ

Фото: Профимедиа

Најпознатата близначка во светот Мери Кејт Олсен се разведе од 17 години постариот богаташ, Оливиер Саркози, полубратот на францускиот претседател Никола Саркози, и тоа виртуелно.

Виртуелното сослушување на бракоразводната парница се одржало на 13 јануари преку апликацијата „Zoom“.

Фото: Профимедиа

Магазините веднаш дојдоа до деталите пред самата финализација на процесот. Имено, најпрвин Мери Кејт имала проблеми да се „приклучи“ на онлајн парницата, а се вкупно траело околу 20 минути. Адвокатот потврдил дека парот успеал да се договори околу разводот 8 месеци откако веста се прошири во јавноста.

Фото: Профимедиа

„Дојдовме до финалниот договор и благодарни сме за времето кое ни го дадовте. Беше предизвикувачки, но продолжуваме кон патот за решавање на се. Ова утро постигнавме и финален договор, само мораме да поминеме уште низ неколку ставки, да се сложиме околу нив и потоа да го финализираме процесот, за кој се надеваме, ќе се заврши до крајот на идната недела“, изјави Саркози.

Мери Кејт Олсен поднесе барање за развод во април минатата година, а иако бараше забрзана постапка со цел нивниот брак да биде завршен до мај, нејзината молба беше одбиена.

Фото: Профимедиа

Да се потсетиме, адвокатите на Саркози и дадоа на Олсен рок да се исели и да ги изнесе своите работи до 18-ти мај од неговиот стан во Њујорк. Мери Кејт тврдеше дека тоа е насилно исфрлање бидејќи не ни знаела што се случува, а побарала рокот да и се продолжи до 30-ти мај поради пандемијата на коронавирусот, но останала без одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот