Броила за струја / фото: МИА

Деловен комплекс бил приклучен на диво на Попова Шапка, газдата украл струја вредна 22.000 евра

Екипи на полицијата и на Електродистрибуција откриле кражба на струја вредна 22.000 евра на Попова Шапка, каде деловен комплекс бил вклучен на диво, соопштија надлежните.

„Во координација со СВР Тетово, екипите на Електродистрибуција при Корисничкиот енерго центар во Тетово открија неовластено користење на електрична енергија во деловен комплекс на Попова Шапка. Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку кабловски разводен ормар. Директно неовластено приклучување со нисконапонски кабел (4×16 mm2). Составен е Записник за неовластено користење. Поднесена е пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ и изготвена е фактура за надомест на штета во износ од 1.361.599,00 денари“ информираа од Електродистрибуција.

Мачител од Струшко е уапсен — водел врзан кангал со кола, па го пуштил, а кучето задавило туѓо куче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот