Фото: Pexels.com / CC0

Мачител од Струшко е уапсен — водел врзан кангал со кола, па го пуштил, а кучето задавило туѓо куче

45-годишен жител на струшкото село Ливада ќе одговара откако бил уапсен поради мачење животни и предизвикување општа опасност, соопшти МВР. Тој доби кривична пријава откако, според полицијата, водел агресивно куче од расата кангал држејќи го на ремен низ прозор од автомобил, а во селото Биџево го пуштил, по што кучето нападнало и задавило друго куче, во сопственост на жител на селото.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(45) од с.Ливада, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „убивање и мачење животни“. На 27.03.2026 на патот с.Ливада – с.Биџево, Б.Д. и уште едно лице се движеле со возило и со нив имале и куче од расата „кангал“, кое го држеле со ремен преку прозор и го шетале со возилото, а кога пристигнале во близина на дворот на Љ.Д. во с.Биџево, пријавениот го пуштил кучето слободно, кое го нападнало кучето на Љ.Д. од расата „миник“ и го усмртило“, пишува во полицискиот билтен.

Кангалот е раса големи овчарски кучиња по потекло од Анадолија во Турција, а во Македонија и на Балканот тие често се користат во нелегални борби.

Возач на автобус тајно влегувал и правел скици од воени објекти во тетовската касарна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот