пожарникари скопје треска (12)
Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Дел од градовите ќе добијат нова противпожарна опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Дел од градовите ќе добијат нова противпожарна опрема од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На денешниот состанок било соопштенио дека опремата вклучува 20 термални камери и 80 изолациони – дишни апарати.

Според соопштението, распределба на опремата е следната: Дирекција за заштита и спасување – 3 термални камери за тимовите за брз одговор, Град Скопје – 4 термални камери и 20 изолациони апарати, општините – Битола – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Куманово – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Тетово – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Прилеп – 1 термална камера и 4 изолациони апарати, Велес – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Кавадарци – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Гевгелија – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Струмица – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Кичево – 1 термална камера и 4 изолациони апарати, Охрид – 1 термална камера и 4 изолациони апарати, Кочани – 1 термална камера и 4 изолациони апарати, Штип – 1 термална камера и 5 изолациони апарати, Гостивар – 1 термална камера и 4 изолациони апарати.

Дирекцијата за заштита и спасување нема национална стратегија, а нема ниту квалификуван персонал

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) нема национална стратегија за заштита и спасување, а се соочува и со недостиг на квалификуван персонал и неадекватно управување со имотот и опремата. Ова, според извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР), создава значителни ризици за безбедноста на земјата, особено во услови на природни непогоди и други несреќи, каде брзата и ефективна реакција е од клучно значење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот