Деклан Рајс го комплетираше трансферот во Арсенал

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Деклан Рајс и официјално е нов фудбалер на Арсенал, и воедно стана најскапо платен англиски фудбалер во историјата.

Арсенал му плати на Вест хем надомест од 120 милиони евра и така го направи играчот од средниот ред најскапо засилување во Премиер лигата.

Рајс поголемиот дел од својата младинска кариера ја помина во дресот на „чеканите“, пред тоа играше за помладите категории на Челси, а потоа во сениорскиот фудбал играше само за Вест хем со кој минатата сезона ја освои Конференциската лига.

Арсенал како никогаш до сега троши пари на засилувања ова лето, односно на три засилувања плати 230 милиони евра.

Досега пристигнаа Јуриен Тимбер од Ајакс за 40.000.000 евра и Каи Хаверц од Челси за 70.000.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот