Дејвис: Против Веспрем мораме да бидеме одлични и на двата натпревари

Тренерот на Вардар 1961, Давид Дејвис и ракометарот Гоце Георгиевски со очекувањата за двомечот со Веспрем/Фото: Слободен печат

Екипата на Вардар 1961 се подготвува за првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Веспрем од Унгарија кој ќе се игра в четврток со почеток од 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Тренерот на „црвено-црните“ Давид Дејвис е свесен дека неговиот поранешен клуб е фаворит во овој двомеч, но ветува дека неговите играчи нема така лесно да се предадат и дека ќе се борат до самиот крај.

– Веспрем е силна екипа, знам како играат, имаат голем квалитет, индивидуално и колективно. Го имаат одличниот голман Коралес, втор најдобар во ЛШ. Ја имаат фаворитската улога, но ние секогаш се бориме, особено на домашен терен. Доколку сакаме да успееме мораме да бидеме одлични и на двата натпревари. Со помалку загубени топки, максимално фокусирани, со цврста одбрана во текот на сите 60 минути. ЛШ е комплетно поинакво натпреварување од домашната лига. Во Лигата на шампионите секој детал е важен – изјави на денешната прес конференција, Дејвис.

Судии на првиот дуел во Скопје ќе бидат Хрватите Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица.

– Имаме краток период за подготовка, Веспрем е квалитетна екипа со добри играчи. Ги повикувам навивачите да ни ја дадат потребната поддршка. Доколку одиме според планот, ќе бидеме поблиску до остварување на позитивен резултат. Никаква предност од првиот натпревар не може да гарантира мирен реванш, понекогаш и разлика од пет голови не е доволна, а понекогаш и триумф од еден разлика може да биде значаен – изјави десното крило на Вардар 1961, Гоце Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот