Дејвис пред Купот: Не секогаш победува тој што е фаворит

давид дејвис
Тренерот на Вардар 1961, Давид Дејвис/Скопје, Македонија/9 март 2022/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вардар 1961 утре (петок, 13 мај) ќе го игра полуфиналниот натпревар од Купот на Македонија против Е. Пелистер 2. Средбата ќе се игра во Кавадарци од 17.00 часот.

Тренерот на скопските „црвено-црни“ Давид Дејвис вели дека сака да игра во финалето, не е важно против кого, а потоа ќе мисли за противникот.

– Имаме ист притисок како и во натпреварите во лигата. Вардар секогаш победувал и играл на победа. Ние го сакаме и трофејот од купот, подготвени сме. Одбрана секој ден играме добро, и тренираме напорно. Купот е друго натпреварување, нема поправен. Има само еден натпревар и треба да се биде максимално спремен – рече Дејвис.

Шпанскиот стратег вели дека неговите играчи имале цела недела за тренирање.

– Игравме веќе со Е. Пелистер 2, но добро е што можеме и да продолжиме да тренираме пред овие натпревари и да подобриме нешто во играта. Играње на неутрален терен секако е поразлично. Не секогаш во Купот победува тој што е фаворит. Затоа и треба да се биде внимателен, концентриран. Сакам да играме финале во недела, не е важно против кого ќе играме – се зборовите на Дејвис.

Вардар во својата клупска историја има 14 Куп титули досега освоени, вклучувајќи ја и ланската.

Цената на влезниците е 150 денари за куп мечевите во Кавадарци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот