Дејмон Хил: Ферари ќе му дише во вратот на Ред бул во втората трка

EPA/JENS BUETTNER

Поранешниот шампион во Формула 1 (1996), Дејмон Хил, предвидува дека „црното коњче“ ќе му прави проблеми на победничкиот двоец на Ред бул од отворањето на сезоната и дека втората трка ќе биде поинаква од првата

Ред бул имаше одлична трка на отворање на сезоната во Формула 1 на почетокот на овој месец, при што Макс Верстапен и Серхио Перез завршија со 1-2 победа.

Ферари, од друга страна, имаше лош старт, односно Шарл Леклер се откажа поради проблем со моторот, иако беше на третото место.

Надежите за подиум на Ферари се префрлија на Карлос Саинз, но поради трошење на гумите, неговото темпо падна и тој потоа беше претекнат од Фернандо Алонсо во автомобилот на Астон Мартин, кој остана како третопласиран.

Но, поранешниот возач а сега коментатор Дејмон Хил предвидува дека Ферари ќе го попредизвика Ред бул овој викенд. „

– Ќе биде поинаку од Бахреин. Јасно е дека Ферари има темпо, тие имаат способност да се натпреварува и ќе му дише во вратот на Ред бул. Ќе биде одлично – вели Хил.

Сезоната во Формула 1 продолжува в недела во трката во Џеда, за Големата награда на Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот