Дејан Бодирога е новиот претседател на Евролигата

Дејан Бодирога, прв човек на Евролигата/фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Дејан Бодирога и официјално е новиот претседател на Евролигата, а ќе ја извршува и функцијата директор на натпреварувањето.

Евролигата објави дека влегува во нова ера со Бодирога кој сега ќе биде нејзин прв човек наместо Жорди Бертомеу.

Легендарниот српски кошаркар во својата кариера трипати ја освојуваше Евролигата (двапати со Панатинаикос и еднаш со Барселона), имаше број индивидуални награди и важи за еден од најдобрите европски играчи во историјата.

За потсетување, најголемите српски кошаркарски клубови Црвена звезда и Партизан следната сезона ќе играат во Евролигата.

– Влегуваме во нова ера на Евролигата. Во текот на изминатите 20 години, елитното европско кошаркарско натпреварување стана сила во глобалниот спорт. Би сакал да му се заблагодарам на Жорди Бертомеу и неговиот тим за нивната визија и напорна работа и со нетрпение очекувам да продолжам да го проширувам влијанието на Евролигата и Еврокупот – вели Бодирога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот