Дечкото на Шакира проговори за гласините за нивната врска: Таа е неверојатно човечко суштество

Фото: Photo Image Press / Zuma Press / Profimedia

Џими Батлер го кажа своето мислење за латино ѕвездата Шакира и ја нарече „неверојатна“. Светските медиуми ги подгреаа гласините за наводната романса, кои се вртеа околу потенцијалната двојка пред почетокот на сезоната 2023-2024 во НБА, пишува „Дејли меил“ (Dailymail).

Батлер (34) и Шакира (46) беа видени заедно во текот на летото по нејзината разделба со поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике, минатата година.

Шакира се преселила да живее во Мајами со нејзините две деца, Милан и Саша, оваа година, и била видена како навива за тимот на Батлер, многу пати во минатото.

Запрашан за шпекулациите дека тој и „Шакира“ се во врска, Батлер, кој влегува во својата 13-та сезона во НБА, изјавил:

– Таа е неверојатно човечко суштество и е неверојатно талентирана, но никогаш не знаете што прават луѓето, тие само измислуваат работи. Само заради тоа што сме пријатели и таа живее во Мајами, а нејзините синови се големи љубители на кошарката – не значи дека ние двајца се забавуваме. Само затоа што луѓето се дружат не значи дека се во врска. Но, тоа на сите им дава материјал за зборување, така сите продолжуваат со таа приказна. Таа е многу кул и тоа е сè што имам да кажам!

Колумбијката беше поврзувана и со ѕвездата на Формула 1, Луис Хамилтон, со кој помина време по завршувањето на Големата награда на Мајами во мај.

Шакира го моли Том Круз да ја остави на мир, очаен е да излезе со неа

ФОТО | Заедно заминале од забава: Шакира и Дрејк ги поттикнаа гласините дека се во врска

ВИДЕО | Шакира со синовите свири и пее во новиот спот: „Ти ми ја лекуваш болката“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот