Драмски театар Скопје востанови награда „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор

Уметнички цртеж со портрет на Горан Стефановски

НУ Драмски театар Скопје, на 27 април 2024 година, на денот на роденденот на драмскиот автор Горан Стефановски, ја востанови наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30-годишна возраст, кој ќе се избира по пат на јавен конкурс.

Преку овој чин се оддава почит и се чува споменот за Горан Стефановски и неговата улога во развојот на македонската драматургија и театар, и воедно се проширува заложбата на Драмски театар Скопје за афирмација на македонските млади автори и македонското драмско писмо.

Стефановски како млад драмски автор со драмските дела „Јане Задрогаз“ и „Диво месо“ во соработка со Драмски театар Скопје постигна успеси за паметење.

За временската рамка во која ќе се одвива конкурсот и пропозициите од истиот, јавноста ќе биде дополнително информирана.

Драмски театар Скопје ќе партиципира и во Фондацијата „Горан Стефановски“, основана со одлука на УКИМ под иницијатива на Факултетот за драмски уметности. И ќе земе активно учество во реализацијата на програмските активности на истата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот