Се отвора нов фронт? Русите извршија копнен напад кон Харков

руски тенкови
Руски тенкови / Илустративна фотографија, EPA-EFE

Руските сили денеска почнаа да користат оклопни возила за да ја пробијат границата со североисточниот украински регион Харков и силно ја гранатираа областа, објави Киев.

Ова претсавува најјасен знак досега дека Русија сака да отвори нов фронт во војната. Руските сили напредувале еден километар во близина на пограничниот град Вовчанск. Борбите во пограничните области на регионот Харков продолжуваат. Киев таму испрати дополнителни сили, соопшти Министерството за одбрана.

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ERMOCHENKO

Регионалниот лидер во Харков, Олех Синехубов изјави дека руските борбени групи се обиделе да навлезат преку границата, додавајќи дека „ниту еден метар територија не е изгубен“. Но, висок украински воен извор, кој одби да биде именуван, подоцна потврди дека руските сили навлегле на еден километар во Украина и имале намера да ги турнат украинските вооружени сили до 10 километри внатре во Украина.

Украинска војска Харков
EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Локалниот лидер на градот Вовчанск, во близина на границата, изјави дека градот е под силен напад од раните утрински часови и дека цивилите се евакуирани. Веќе извесно време се шпекулира дека руските сили подготвуваат летна офанзива во Украина во следните недели, чија цел би можело да биде заземање на Харков, вториот по големина град во Украина, кој се уште е дом на повеќе од милион луѓе. Но, украинските воени лидери тврдат дека Русија нема ресурси за тоа.

Карта Украина
фото МИА

„Можат да ја влошат ситуацијата во пограничните области, но не можат да го заземат Харков“

Акциите на руските сили на границата беа предвидливи, изјави Андриј Коваленко, шеф на украинскиот центар за борба против дезинформации. Тој додава дека „Русите имаат доволно ресурси да ја влошат ситуацијата во пограничните области, но не и да го освојат вториот по големина украински град“.

 

Карта на Украина/ Фото Profimedia

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русите го гаѓале Вовчанск со наведувани воздушни бомби со артилериска поддршка.

„Околу 5 часот имаше обид на непријателот да ја пробие нашата одбранбена линија под заштита на оклопни возила. Досега овие напади се одбиени, борбите со различен интензитет продолжуваат“, соопшти Министерствотоза одбрана на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот