Дечкото ѝ удрил шлаканица на српската актерка среде Белград, таа му го искршила „поршето“

Српската актерка Марија Каран (39), позната по серијата „Изборот на Лара“, по вербална расправија била физички нападната од нејзиното момче В. Б. во Белград, пишува „Блиц“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Karan (@marakaran)

Според српските медиуми, Балабан ѝ удрил шлаканица на актерката откако вербалната расправија ескалирала.

Кавгата започнала во познат ресторан по што момчето излегло од ресторанот и се упатило кон гаражата. Потоа следела нова меѓусебна расправија во која тој ја удрил Марија во десната страна од лицето.

Актерката потоа земала апарат за гасење пожар и со него му го скршила задното стакло на „поршето“ на Балабан.

Жителите на улицата Француска во строгиот центар на Белград ги разбудила оваа гласна расправија, па веднаш повикале полиција и рекле дека на улицата се наоѓа џип од кој една жена запомага.

Поради здобиените повреди Марија со возило на Брза помош била пренесена во болница.

Како што пренесува „Новости.рс“, во време на инцидентот, актерката била трезна, додека во крвта на нејзиниот партнер биле измерени 1,15 промили алкохол.

Основното јавно обвинителство во Белград ѝ наложил на полицијата да достави детален извештај за овој инцидент, по што обвинителството ќе процени дали во дејствијата има елементи на кривично дело или прекршок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Karan (@marakaran)

Приватниот живот на Марија Каран отсекогаш бил многу интересен за медиумите, особено затоа што актерката секогаш вешто се трудела да го скрие секој детаљ. По враќањето од Америка во Србија, Марија долго време криела дека вистинската причина за нејзиното враќање е всушност разводот од нејзиниот сопруг Џоел Лубин, со кого го има синот Марк Лео.

Иако нивната љубов делувала идилично, по многубројните несогласувања лани поднеле документи за развод на бракот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот