Плажа на Св. Стефан, Црна Гора / Фото: Unsplash

Дебакл на туристичката сезона во Црна Гора: Шокантните цени за лежалки, храната и пијалаците ги одвратија туристите

Полупразни плажи, градини со кафулиња и ресторани и повеќе од 50 проценти од празните станови и соби во приватниот сместувачки капацитет, потсетуваат на периодот од времето на пандемијата, а жителите на црногорското приморје чекаат сезоната конечно да започне, иако јули веќе е при крајот. И покрај слабиот одѕив на гостите оваа година, цените, сепак, не паѓаат, а неодамна јавноста беше разбранувана од веста за лежалките што чинат 200 евра во Пржно, во близина на Свети Стефан, иако на градските плажи, просечната цена е од 15 до 120, додека приватниот сместувачки капацитет е од 40, 90 евра и повеќе, во зависност од локацијата, но и капацитетот.

Како што пренесуваат српските медиуми, иако странски јазици, италијански, германски, шпански, можат да се слушнат на секој агол, а поголемите крајбрежни градови во Црна Гора се полни со Руси, Украинци и Турци преку целата година, мештаните велат дека чекаат само Срби.

Цена на лежалки на црногорското приморје – Извор Nova.rs

„Гостите од Србија трошат сè што ќе донесат за седум дена и се враќаат дома, не жалат за пари, не штедат пари на одмор, а останатите можамда кажам дека се скржави. Не ни требаат такви туристи. Оваа година имаме невообичаено малку гости од Србија и Босна. Луѓето изгледа немаат пари за сместување и храна од продавницата бидејќи сè е толку скапо што не знам ни ние како преживуваме. Сепак, мислам дека треба да ги намалиме овие цени што е можно поскоро, ако барем не го добиеме август како дел од сезоната“, нагласува Милјана, која води салон за убавина во Будва.

Пад на цените или ништо од сезоната

Дел од мештаните ја обвинуваат политиката за слабиот одзив на гостите од Србија оваа година.

„Оние што започнаа бизнис на море оваа година веќе се плашат од долгови и можен банкрот. Еден пријател отвори кафуле на плажа, киријата е огромна, неколку десетици илјади за сезоната, што сигурно нема да може да го покрие оваа година. Ова не е баш исто како за време на коронавирусот, но е доста слично. Тука, цените во кафулињата се високи, но не одлучуваме ние кои сме келнери, туку сопствениците и државата. Ако сакаат да привлечат туристи, нека ги намалат цените“, вели Јовица, келнер, кој служи и во кафуле и на плажа на црногорскиот брег.

Цени на пијалоци во Црна Гора - Извор - Nova.rs
Цена на пијалоци на лежалки во Црна Гора – Извор, Nova.rs

Патем, повеќето сопственици или закупци на баровите на плажите, рестораните, кафулињата поседуваат и дел од плажата, каде што наплаќаат чадори и лежалки.

„Цените се пониски на градските плажи, се движат од 15 до 40 евра, но штом се оддалечите малку од градот, некаде каде што имате поголема удобност, цената е повисока, до 120, 150 или дури 200 евра. Малкумина можат да си го дозволат тоа денес, па оние што водат бизниси остануваат без клиенти и во долгови, а оние што би сакале да одат на море, не доаѓаат, бидејќи не можат да платат“, објаснува тој.

Ден  на плажа ќе ве чини и по 50 евра

Сепак, најскапо е на плажа. За четиричлено семејство, потребни се минимум 50 евра за еден ден, или поточно неколку часа на плажа. Плажите се преполни со лежалки, па затоа ги принудуваат туристите да плаќаат за сончање, иако можеби многумина би го простреле својот пешкир, што не ги чини ништо.

Ценовници – Nova.rs

И таму каде што има лежалки, крпите се забранети, а цените на кафето, соковите, алкохолот, како и оброците, се три пати поскапи отколку во кафулињата подалеку од плажите и централните делови на градот, дури и сладоледот чини два или три пати повеќе отколку во продавница.

Сладолед за две деца на плажа е 6 евра (нема ништо поевтино од 3 евра), кафето е околу 3 евра, домашното пиво 4,5 до 5 евра, најевтините лежалки и чадори за сонце 15 евра и оброк за четиричлено семејство, ако е во ресторан за брза храна, каде што цените се најниски, е најмалку 20 евра.

ФОТО : Nova.rs

Сепак, не е сè до плажата, најголемиот проблем се чини дека се мештаните кои издаваат под наем приватен смештај, пишува Nova.rs.

„И минатата година сезоната започна подоцна, но веќе во ова време имавме гости и бевме полни. Оваа година, мај и јуни беа попрофитабилни од јули, а ќе видиме како ќе биде во август. Не ни е јасно што се случува. Нè контактираат стари гости, кои доаѓаат со години во овој период и велат дека не можат да земат одмор бидејќи се плашат да не ги изгубат работните места. Политичката ситуација во Србија е очигледно загрижувачка, луѓето се плашат да не останат без плата или работа, па затоа не се селат „никаде“, вели Драган Поповиќ, кој издава сместување под кирија во близина на Петровац.

За потсетување, како што објавија регионалните медиуми, туристите кои годинава го посетија делот од плажата во Пржно, кој му припаѓа на хотелот „Маестрал“, велат дека изнајмувањето две лежалки и чадор чини 200 евра, додека оваа услуга е бесплатна за гостите на хотелот.

На видеото објавено од „podgorički.portal“ на Инстаграм, може да се види дека плажата е целосно празна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот