Де Геа се враќа во Премиер лигата како нов голман на Њукасл?!

фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Искусниот 33-годишен шпански голман Давид де Геа би можел да се врати во Премиер лигата, пренесува британските медиуми. Според „Дејли Мејл“, Де Геа се поврзува со можна преселба во Њукасл каде би бил замена за повредениот Ник Поуп.

Поуп доживеа повреда на рамото во текот на премиерлигашкиот натпревар меѓу Њукасл и Манчестер јунајтед (1:0). Шпанскиот чувар на мрежата кој 12 години бранеше боите на Јунајтед, веќе се со месеци е без ангажман, но наскоро би можел повторно да биде дел од големата фудбалска сцена.

Не беше во плановите на менаџерот Ерик тен Хаг, па како негов наследник на „Олд Трафорд“ дојде Андре Онана.

Според информациите Поуп го чека повеќемесечна пауза, а Де Геа како слободен играч веднаш може да потпише договор и нема потреба да го чека зимскиот преоден рок.

Ал Наср му нудеше 10 милиони евра на годишно ниво, но не се одлучи да се пресели во Саудиска Арабија. Имаше и понуда од Реал Мадрид, каде се гледаше како замена за повредениот Тибо Куртоа, а се поврзуваше и со Баерн каде повреден беше Мануел Нојер, но не се дојде до потпис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот