Даут Харадинај: Обвиненијата се напад врз слободата на Косово

фото: МИА

Претставникот на Алијансата за иднината на Косово Даут Харадинај изјави синоќа дека обвиненијата против претседателот на државата Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели пред Специјалниот суд за злосторства на ОВК во Хаг претставуваат „директен напад врз слободата на Косово”.

Според него, Тачи и Весели биле задолжени за Ослободителната војска на Косово и за „борбата за слобода”.

– Повикан како воен водач, повикани се луѓе од Генералштабот, не беа интервјуирани поради активно физичко учество, туку за одговорност, и во случајов мислам дека тоа е директен удар за слободата на Косово, не само на поединците, изјави Харадинај за телевизијата Клан Косова.

Учеството на Тачи и Весели, но и на оние чии имиња не се објавени  „не беше ништо друго освен обид за ослободување”, тврди Харадинај и додаде дека „слободата на Косово е директно поврзана со воените водачи”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот