1.000 станови во Скопје до крајот на годинава – данскиот инвестициски фонд „Вексткапитал“ има амбициозна цел
Данскиот инвестициски фонд „Вексткапитал груп“ веќе поседува 250 станови во изградба на атрактивни места во Скопје, а до крајот на годинава веќе купил 250 станови во изградба на атрактивни локации во Скопје, а до крајот на годинава планираат да купат уште најмалку толку, потврдија од фондот за „Телма“.
Препорачано
Според информациите на телевизијата, Данците соработуваат со неколку локални агенции за недвижности, но и директно со инвеститорите. Ги купуваат становите уште кога се копаат темелите за зградите, со што добиваат пониска цена.
„Вексткапитал груп“ веќе воспоставил соработка со неколку поголеми градежни компании во земјава. Оттаму велат дека нивниот интерес за инвестирање во Македонија се должи на позитивните економски изгледи за земјава, но и на атрактивниот пазар на недвижности.
Коосновачот на Фондот за „Телма“ вели дека гледа голем потенцијал во оваа област и оти тој и компанијата сакаат да придонесат во растот, слично како што, според него, веќе направиле во Бугарија.
„Веруваме дека растечката средна класа и добро образованата младина ќе ја издигнат земјата и сакаме да го поддржиме овој развој“, вели коосновачот на Фондот Јенс Киндберг за телевизијата.
На дилемите кои се појавија во јавноста околу тоа чии пари се инвестираат, Киндберг вели дека во Македонија вложува лични пари.
Групацијата „Вексткапитал“ е регистрирана во Луксембург и поседува неколку компании во Данска. Тој со години работи во Бугарија, преку компанијата „СЕЕ Резиденшл“. Според нејзината веб-страница, таа веќе поседува 262 стана на атрактивни локации во Софија, а целта ѝ е да стане најголемиот издавач на станови во главниот град на Бугарија. Според бугарското издание на „Форбс“, компанијата таму планира многу побавно да стигне до 1.000 станови – до 2030 година.


