Данска укина државен празник за да го зголеми буџетот на војската

Данска знаме фото EPA-EFE/TOMS KALNINS

Данскиот парламент гласаше за укинување на пролетниот државен празник за да се зголемат трошоците за војската. Пратениците гласаа со 95 спрема 68 за да се укине Денот на големата молитва, верски празник кој се одбележува од 17 век, јавува „Би-Би-Си“.

Откажувањето ќе обезбеди дополнителни три милијарди круни (427 милиони долари) кои ќе се користат за буџетот за одбраната, соопшти владата. Но, опозициските политичари, како и синдикатите и верските личности се спротивставија на одлуката. На почетокот на месецот, околу 50.000 демонстранти се собраа пред парламентот во Копенхаген за да протестираат против планот.

„Запрете го крадецот. Владата им наредува на луѓето да работат еден ден повеќе.“, рече Карстен Хонге, член на Социјалистичката народна партија, за време на парламентарната дебата во вторникот.

Сепак, во парламентот опозицијата немаше доволно глас за да се распише референдум. И покрај противењето, данската владина коалиција рече дека дополнителните пари се потребни за да се подигне одбранбениот буџет до целта на НАТО од 2 отсто од БДП до 2030 година, наместо до 2033 година како што беше претходно планирано.

Оваа промена на планот се должи на руската инвазија на Украина, соопшти владата. Луѓето во Данска моментално имаат до 11 државни празници.

„Мислам дека не е проблем да се работи дополнителен ден“, рече премиерката Мете Фредериксен во јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот