Данска го освои бронзениот медал на Светското ракометно првенство

Трета мундијалска бронза во историјата за Данска/Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

На последниот ден од Светското ракометно првенство во женска сениорска конкуренција во Шпанија, поточно во Гранољерс репрезентацијата на Данска го освои третото место.

Данските ракометарки во „малото финале“ за бронзениот медал успеа да ја совлада шпанската селекција со 35:28 (16:13). Во првото полувреме домашната репрезентација беше порамноправна, имаше успешен старт со предност од 2:0, потоа и минимално водеше неколку пати.

При нерешени 10:10 на семафорот, до паузата Данска успеа да направи серија од 6:3. Во вториот дел низата продолжи со уште три погодоци и тука веќе се најавуваше дека скандинавскиот претставник сигурно оди кон победата.

Разликата постепено растеше, највисоката изнесуваше „плус девет“ (31:22, 34:25) и до крајот само рутински се одработуваше задачата.

Бургаард со седум и Јоргенсен со шест голови беа најефикасни за победничката страна, а во поразените редови шест погодоци запиша Мартин, а еден помалку Кампос.

За Данска ова е трета мундијалска бронза во нејзината историја, претходно истиот успех го имаше во 1995 и 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот