Данска го освои бронзениот медал на Светското ракометно првенство

Момент од натпреварот Данска - Шведска во Хернинг/фото: EPA-EFE/Claus Fisker

Денеска во натпреварот за третото место на Светското ракометно првенство во женска сениорска конкуренција репрезентацијата на Данска со 28:27 триумфираше над Шведска.

Во победничките редови по пет голови имаа Мете Хансен, Јоргенсен и Хојлунд.

На спротивната страна по седум погодоци запишаа Мелегард и Блом на теренот во Хернинг.

За Данска ова е четврта бронза во нејзината историја на Мундијалите, претходно три ги освои во 1995, 2013 и 2021 година.

Претходно во борбата за седмото место Црна Гора беше подобра од Чешка со 28:24, а петтопласирана е Холандија која со 30:26 ја совлада Германија.

Од 19.00 часот ќе се игра финалето на СП меѓу селекциите на Франција и Норвешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот