Данска е прв полуфиналист, лудата ракометната војна решена во пенал рулетот

epa08969379 Denmark's players celebrate their win after the quarter final match between Denmark and Egypt at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 27 January 2021. EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany / POOL

Репрезентацијата на Данска обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство во Египет, откако во неверојатен натпревар го победи домаќинот со 39:38 и тоа по подобро изведување на седмерците откако претходно ниту продолженијата не го дадоа победникот иако и двете селекции имаа шанси порано да триумфираат.

Актуелниот светски шампион во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од натпреварот помеѓу Шпанија и Норвешка.

Натпреварот започна со подобра игра на Египет кој ја остави Данска шест минути без постигнат гол, но потоа се разигра Микел Хансен кој донесе израмнување (4:4), а потоа во финишот од првиот дел Данците одиграа далеку подобро и на одмор заминаа со три гола разлика (13:16).

„Фараоните“ на стартот од вториот дел многу брзо ја анулираа предноста и до финишот на натпреварот се играше максимално неизвесно. Во 57. минута Ларсен донесе предност од 27:26, но Египет одговори со два гола преку Омар Јахја и во последните 40 секунди дојде до предност од 27:28. Ларсен постигна експресен гол, но ракометарите на Египет наместо напад за триумф поради почетничка грешка им дадоа шанса на Данците да славаат. Имено, поради погрешна измена, Махмуд доби исклучување, но Данска не успеа да реализира и натпреварот замина во продолженијата.

Во првото продолжение Данска имаше шанса да ги реши дилемите и да се пласира во полуфуналето, но најдобриот играч Микел Хансен направи глупост. Имено, при 34:33 за Данска, Хансен на една секунда до крајот кога им беше одземена топката, наместо даја остави на теренот, тој ја додаде до соиграч по што судиите откако ја прегледаа снимката му доделија црвен картон и пенал за Египет кој кој реализираше Санад, по што натпреварот замина во второ продолжение.

Микел Хансен/EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany

Во второто полувреме, Египет постојано беше во водство и имаше можност да слави, но во последните секунди по прекршокот на данскиот ракомет, играчот на Египет не се врати на линијата од шест метри за да дозволи изведување на топката и поради тоа доби црвен картон, а Данска со гол од пенал го однесе натпреварот во пенал рулетот.
Таму се истакна Никлас Ландин кој одбрани два седмерци што беше доволно за пласман во полуфиналето.
Хансен со десет постигнати голови беше најпрецизен во редовите на светскиот шампион, додека Јахја исто така даде десет гола за Египет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот