Охриѓани веќе со мислите насочени кон новата натпреварувачка сезона 2020/2021…
Како што официјално информираат од клубот, продолжена е соработката со двајца македонски репрезентативци.
Чуварот на мрежата Никола Даниловски и левиот бек Мартин Манасков ќе останат уште една сезона во екипата на Охрид.
Раде Стојановиќ и следната сезона ќе биде на тренерската клупа, а претходно своите договори со екипита ги продолжија уште Јагош Брауновиќ, Филип Кривокапиќ и Денит Тот.
До прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус, Охриѓани во домашното првенство се наоѓаа на второто место со еден бод зад Металург.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука предвреме да заврши сезоната и воедно ги одреду учесниците на меѓународната сцена во наредната сезона, а помеѓу нив не е РК Охрид.