Даниел Кајмакоски се огласи од болница: Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа

Instagram
Фото: Инстаграм

На својот фејсбук – профил, нашиот познат пејач Даниел Кајмакоски се обрати до своите загрижени пријатели и фанови, медиумите и пошироката јавност по пријавата против својата поранешна сопруга за наводно подметнување дрога во негово кафе, по што тој завршил во болница.

На сите мои пријатели и фанови, сакам да им се заблагодарам за грижата и поддршката. Трет ден сум во болница.

Би ги замолил медиумите за разбирање, како и да не објавуваат непроверени информации.

Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа согласно законот за расчистување на случајот, стои во објавата.

Пејачот Даниел Кајмакоски ја пријави екс сопругата во полиција, му ставила дрога во кафето па завршил во болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот