Пејачот Даниел Кајмакоски ја пријави екс сопругата во полиција, му ставила дрога во кафето па завршил во болница
Марина Дамческа
Пред
Јавен обвинител ја разгледува пријавата која популарниот македонски пејач Даниел Кајмаковски ја поднел против својата поранешна сопруга за наводно подметнување дрога во кафето кое двојката го пиела во парк во Тетово, по што тој завршил во болница.
Настанот се случил вчера напладне, потврди полицијата која добила известување од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ дека попладнето кај нив е примен 38-годишен стружанец, кој тврдел дека додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства.
Жената била повикана во Полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Кајмакоски за да го види своето дете но воопшто не пиеле кафе.
Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Даниел му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Пред штимувањето на инструментите и првиот отсвирен тон – пред да започнат со проба – се најдовме со еден од новите скопски бендови, „Персеида“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Депресијата не е само зимски проблем — како жештините и тропските ноќи можат сериозно да го нарушат менталното здравје 2 Тест на …
По скандалот во Гостивар, откако јавноста дозна дека граѓаните 20 дена пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, ги прашавме случајните минувачи од каде пијат вода. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Депресијата не е само зимски проблем — како жештините и тропските ноќи можат сериозно да …