Данецот Кисум го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Каспер Кисум/фото: РК Еурофарм Пелистер

Данскиот интернационалец Каспер Кисум (30) го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер за уште една сезона, што е јасен показател за задоволство и хармонија по само неколку месеци во Македонија.

– Ни причинува особено задоволство што уште еден член на шампионската генерација на РК Еурофарм Пелистер се одлучи за го продолжи своето спортско патување со нас. Кисум треба да биде додадена вредност на нашиот пат во Лигата на шампионите. Со нетрпение го очекуваме на почетокот на подготовките на 19 јули – информираат од битолскиот клуб.

Кисум на почетокот од годината пристигна во Битола и даде голем придонес во пролетниот дел на сезоната, посебно во натпреварите од плеј-офот на Суперлигата.

Поранешниот ракометар на Сондејиске помина низ многу етапи во кариерата, играше и за Хановер Фленсбург во Бундеслигата и Тулуз во француското првенство, а сега ќе продолжи да тресе мрежи во нашата земја.

Претходно како ново засилување на клубот беше промовиран словенечкиот десен бек Нејц Цехте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот