фото: kfsm.mk

Дамјан Робев прогласен за најкорисен играч на финалето во Купот

Човек на одлука во финалето од кошаркарскиот Куп на Македонија за МЗТ Скопје Аеродром беше Дамјан Робев.

Македонскиот репрезентативец мораше да преземе одговорност наместо повредениот Војдан Стојановски, а потоа и по исклучувањето на капитенот Дамјан Стојановски.

Беше најдобар играч на „штрковите“ во третата четвртина кога се кршеше резултатот и неговите поени го оставија скопскиот тим во игра. Поради тоа, тој го понесе и МВП признанието во финалето:

– Вакви натпревари се добиваат само со желба и со борбеност. Ние покажавме повеќе желба во второто полувреме. Пресуди скокот и мислам дека играта сама по себе. Сметам дека заслужено победивме. Искуството исто така е дел од факторите за победата во финалето. Успеавме да преземеме одговорност без Војдан и Дамјан на крајот. Момците покажаа карактер, се надевам ќе продолжиме во добро светло – изјави Робев.

Овој натпревар репрезентативниот бек го заврши со 13 реализирани поени, со две погодени тројки и неколку клучни шутеви кога МЗТ се враќаше по резултатскиот дефицит.

Атанасов: Шампионскиот менталитет на МЗТ дојде до израз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот