Фото: Pexels / RDNE Stock project

Дали знаете кои масла се најдобри за пржење храна? Едно од нив особено ќе ве изненади!

Во секојдневната подготовка на храна најчесто избирате масла богати со полинезаситени и мононезаситени како и омега-3 масни киселини, а ги избегнувате маслата богати со трансмасти. Иако маслиновото масло е најпознато во категоријата здрави производи, тоа не е добро за пржење храна, бидејќи нема висока точка на чадење, па загорува и ги испушта слободните радикали. Затоа е добро за подготовка на ладни јадења, исто како и маслото од тиква. Некои други видови се подобри за пржење, а меѓу нив е и „озлогласената“ свинска маст.

Сончогледово масло – при еден експеримент спроведен на британски институт, при загревање на маслото откриено е дека ослободува штетни алдехиди, кои научниците ги поврзуваат со зголемен ризик од појава на болести на срцето и рак. Билните масла како сончогледовото, отпуштаат повеќе алдехиди од, на пример, свинската маст или путерот, па затоа е едно од полошите масла за пржење и не смее да се користи повеќепати.

Свинска маст – иако со години се смета за нездрав производ, таа е одличен извор на масти кои на телото му даваат енергија, содржи здрави масни киселини добри за срцето и не дебелее повеќе од здравите масла – како маслиновото. Има висока отпорност при загревање, па затоа добро е да се користи за пржење на храната при што нема да ги уништите нејзините хранливи вредности.

Кокосово масло – досега е познато дека кокосовото масло е здрава алтернатива бидејќи е богат извор на заситени масни киселини, кои остануваат непроменети при пржење. Кокосовото масло лесно се преработува во организмот и оди директно во црниот дроб, се претвора во енергија и го забрзува метаболизмот, така што доаѓа до брзо согорување на калориите наместо складирање на мастите и дебелеење.

Палмино масло – многу е квалитетно и богато со природни витамини А и Е. Тоа како и кокосовото масло има висока точка на чадење, па е пригодно за пржење и динстање.

Масло од авокадо – богато е со фитонутриенти и тешко оксидира, што значи дека е погодно за обработка на високи температури. Содржи околу 70 отсто монозаситени масти, лутеин, витамин Е и калиум.

Масло од репка – 15 грама масло до репка содржи 134,5 калории и 14,9 масти, од кои 1 грам се незаситени. Со загревање не губи од квалитетот, ниту се создаваат штетни соединенија, па е одличен избор за пржење. Најдобро е да се користи нерафинирано масло од репка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот